Избегната трагедија поради огномет: Авион принудно слета откако се судри со балон со пиротехника

 Избегната трагедија поради огномет: Авион принудно слета откако се судри со балон со пиротехника

Авион на колумбиската авиокомпанија „Авианса“ на летот од Орландо на Флорида за малку ќе се срушеше над Богота откако се судри со „пиротехнички балон“.

Засега не е познато дали балонот, кој служи да го подигне огнометот во воздух, бил „вооружен“ со пиротехнички средства, но леталото се „заплетка“ во долги пластични ленти кои се дел од огнометот.

Лентите дури и навлегле во моторите, па така авионот “Airbus A320” морал принудно да слета.

Непосредно пред инцидентот, колумбиските власти предупредиле на опасноста од огнометот и балоните во близина на аеродромот и апелирале да не бидат пуштани толку високо во воздухот.

>
>