Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

 Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3,86 милиони гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ од ХДЗ или за поранешниот премиер Зоран Милановиќ од СДП.

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк и на социјалните мрежи.

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

>
>