Избран нов претеседател на месната заедница во ,,Езерски Лозја“

 Избран нов претеседател на месната заедница во ,,Езерски Лозја“

IslBG

Населба ,,Езерски Лозја“ избра претседател и Совет на својата месна заедница. За претседател со мандат од четири години е избран Г-дин Ѓорги Дишлиески.

Изборот го организираше Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга, а за правилно спроведување на истиот , надзор вршеше Г-ѓа Валентина Песерка, советник во Општина Струга.

Од Одделението за соработка со месни заедници информираат дека изборот се вршеше на отворен простор и со почитување на сите мерки и препораки за заштита од вирусот ковид 19.

Од таму додаваат дека Одделението продолжува со својата програма за работа и е во секојдневни контакти со граѓаните на месните, урбаните заедници како и населбите на територијата на Општина Струга за навремен избор на членови на совет и соодветни тела.

,,Даваме стручна и техничка поддршка на советите на урбените и месните заедници. Нашиот тим врши перманентен надзор над работата на месните и урбаните заедници и повремено присуствува на седниците на советите при решавање на определни прашања за зедницата.,,- стои во соопштението од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга.