• 21/09/2020

Изетбеговиќ: Заклучоците на Народното собрание на Република Српска се неспроведливи

 Изетбеговиќ: Заклучоците на Народното собрание на Република Српска се неспроведливи
loading...
Advertisement

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ како неспроведливи ги оцени синоќешните заклучоци на Народноот собрание на Република Српска во кои, меѓудругото, се зборува за враќање на одземените надлежности на ниво на ентитети, како и за можноста за самоопределување на РС.

-Тоа беше обид со невистини ентитетот да се обиде да и се наметне на државата. Тоа во овој момент е неспроведливо. Целта е можеби во иднина, со надеж дека НАТО ќе биде „мртов“, некои работи, сепак, да се спроведат, рече Изетбеговиќ во дневникот на федералната телевизија ФТВ.

Тој смета дека е крајно време меѓународната заедница во БиХ да им се спротивстави на овие појави за тие конечно да запрат. Тој ги повика членовите на Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ) конечно да го предупредат Милорад Додик.

Народото собрание на Република Српска на посебна седница, што траеше синоќа до длабоко во ноќта, усвои инфорамција за неуставната трансформација на дејстонската структура на БиХ и влијанието на положбата и правата на Република Српска.

Притоа беа усвоени 20 заклучоци што се однесуваат на иницијативата за укинување на Канцеларијата на високиот претставник, укинување на бонските овластувања, почнување реформа на правосудните институции на ниво на БиХ, потоа зачувување на дејтонската структура и широка автономија на ентитетите до самоопределување, како и соработка со НАТО, но не и членство на БиХ во Алијансата.