Израел ги спречува Палестинците на возраст под 50 години од Западниот Брег да влезат во Џамијата „Ал Акса“

Израел ги спречува Палестинците на возраст под 50 години од Западниот Брег да влезат во Џамијата „Ал Акса“

– Палестинците помлади од 50 години мораат да имаат израелска дозвола

РАМАЛА

Израелските власти денеска воведоа ограничувања за Палестинците кои сакаат да одат во Џамијата „Ал Акса“ на Западниот Брег, известува Агенција Анадолија (АА).

Очевидци за Агенција Анадолија рекоа дека израелските сили темелно ги провериле Палестинците на премините кои водат во окупираниот Кудс и спречиле многу од нив да влезат во светиот град.

Палестинката Ала рече дека таа и група жени се обиделе да влезат во Кудс преку контролниот пункт Кваландија каде што биле спречени од израелските сили.

Марван Оуда, Палестинец од Хувара, јужно од Наблус во северниот дел на Западниот Брег, рече дека тој трипати се обидел да го премине контролниот пункт Кваландија, но бил одбиван секој пат од израелските сили тврдејќи дека тоа е од безбедносни причини.

Во четвртокот, израелските власти воведоа нови рестрикции за Палестинците од Западниот Бред кои се обидуваат да влезат во Кудс и во Џамијата „Ал Акса“.

Новите правила им дозволуваат на мажите и жените на возраст над 50 години да влезат во Кудс без дозвола, додека Палестинците помлади од 50 години мораат да имаат израелска дозвола.

Овие мерки не се однесуваат на Палестинците од Газа кои сакаат да ја посетат Џамијата „Ал Акса“, бидејќи ним им требаат посебни дозволи да ја напуштат Газа.

Извор:АА

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds