Израелците повторно ја нападнаа Сирија: Зошто бомбардирањата зачестија откако Трамп загуби на изборите?

 Израелците повторно ја нападнаа Сирија: Зошто бомбардирањата зачестија откако Трамп загуби на изборите?

Израелската армија изврши низа на нови напади на стратешки простор јужно од сирискиот главен град Дамаск.

Рано утринава израелската армија на некој начин потврди дека е извршен уште еден воздушен напад во околината на Дамаск. Ова е веќе втор воздушен напад кој го извршува израелското воено воздухопловство оваа седмица.

Нападот е извршен на стратешки простор јужно од Дамаск каде што според тврдењата на Израелците, забележана е значителна присутност на иранските сили.

Да потсетиме, големи напади Израелците на овој простор извршија и во текот на јули оваа година кога на нивна мета се најдоа припадници на либанската организација Хезболах.

Што се однесува до последниот напад, од израелската армија накратко порачаа: „Не коментираме вакви информации“, што со други зборови, станува збор за класичен начин на потврда на нападот од страна на Израел.

Сириската армија соопшти дека нападот е извршен од страна на просторот на окупираната Голанска висорамнина и дека по нападите е причинета само материјална штета.

Факт е дека во последниот период воздушните напади кои ги извршува Израел во Сирија зачестуваат, посебно откако Доналд Трамп загуби на претседателските избори во Соединетите Американски Држаави.

Според аналитичарите, Израел со ова очигледно сакаат да дадат до знаење во регионот дека ќе продолжат да ги остваруваат своите интереси и покрај тоа што ќе го загубат својот најголем сојузник и поддржувач во Белата куќа – Доналд Трамп. САД и натаму ќе остане силен поддржувач на Израел, но се верува дека Џо Бајден нема да биде така близок со Нетанјаху како што беше Трамп.

>
>