ИЗВЕСТУВАЊЕ: Хуманитарно друштво Diaspora Labunista

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Хуманитарно друштво Diaspora Labunista

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани Лабуништани, сакаме најискрено да ве поздравиме од дијаспората на начин најлесно разбирлив за нас и за вас, Ес-Селамун Алејкум.
Во овие тешки денови во кои светот, човештвото (инсанот) е зафатено со епидемија на заразна болест позната како коронавирус, односно COVID-19,свесни сме дека се отежнати условите за нормална живеачка. Имајќи во предвид дека ние оваа ситуација ја сваќаме како Аллахово искушеније, сакаме да ги известиме нашите сограѓани Лабуништани за целта што сакаме да ја реализираме во наредните денови.

На иницијатива на поголема група наши членови во дијаспората, дојдовме на идеа да реализирaмe Хуманитари активности во форма на пакети од Храна кои ќе бидат распределени на семејства во Лабуништа на кои им се во моментов најпотребни. Хуманитарното друштво во соработка со менаџерскиот тим на НЕТТО МАРКЕТИ обезбеди ваучери во износ од 3000 денари кои ќе бидат поделени на семејства во Лабуништа и кои истите ќе може да се реализираат во сите НЕТТО МАРКЕТИ.

Распределбата на ваучерите ќе биде дефинирана на следниот начин: Семејства кои што имаат најголема потреба во овој даден момент од подршка, ќе се јабвуваат на телефонскиот број 075/569-501 сопственаот на Емир Максутоски, генерален менаџер за продажба на НЕТТО маркетите, кој ќе ги доставува ваучерите и ќе ги упатува во кој маркет може да ги реализираат.

Имајќи во предвид дека во оваа ситуација може да потрае и подолго а се со цел да може да одговориме на сите барања на нашите сограѓани, ги молиме Лабуништани најдобронамерно од оваа хуманитарна акција да имаат корист навистина оние кои им е најмногу потреба.

Со Махсус Селлам
Од вашата Дијаспора

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds