ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Водовод и Канализација Струга

 ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Водовод и Канализација Струга

Согласно мерката 22 од 5-тиот пакет на мерки, донесена од страна на владата на РСМ, “ЈП Водовод и Канализација-Струга”, ги известува сите физички лица дека имаат право во рок од 5 месеци да бараат репрограмирање за плаќање во период од 12 месеци на долгот.

Исто така имаат право да вршат плаќање на долгот со кое ќе бидат ослободени од каматата 100%.За дополнителни информации контактирајте нé преку веб страницата: uks.com.mk или преку е-маил: vodkanal@yahoo.comСо почит,“ЈП Водовод и Канализација-Струга”

>
>