Известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа

Известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа

Во врска со Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од 18.03.2020 година и Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија Службен весник на РСМ бр.72/2020 од 21.03.2020 година со која се забранува движење на населението во временски период од 21:00-06:00 часот со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19  и заштита на населението на Република Северна Македонија, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата во смени и ноќна работа, на Седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 22 март 2020 година беше пропишан образецот за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа. 

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице. 

Воедно Ве известуваме дека на Седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 22 март 2020 година, за времетраење на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија се дозволи движење на транспортни средства во рамки на царинска транзитна постапка, што ќе се докажува со транзитен придружен документ Т1 или извозна царинска постапка, што се докажува со извозен придружен документ EXMK.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds