Ја продал ќерката за 20.000 евра и договорил брак во Германија, но таа го пријавила

 Ја продал ќерката за 20.000 евра и договорил брак во Германија, но таа го пријавила

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.

Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.

По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.

>
>