Ја соблекол маицата и го покажал неверојатното тело: Роналдо изгледа феноменално и по паузата поради коронавирусот

 Ја соблекол маицата и го покажал неверојатното тело: Роналдо изгледа феноменално и по паузата поради коронавирусот

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо бил фотографиран само во долна облека, без маица и шорцеви, за време на натпреварот помеѓу Специја Калчо и Јувентус и во таа прилика покажал зошто важи за најзгодниот фудбалер на светот.

Славниот Португалец се припремал да влезе во игра на стадионот „Дино Манузи“ во Италија и во таа прилика фоторепортерите го фотографирале додека се пресоблекувал. 

Роналдо ја соблекол маицата и пред да го облече дресот, сите го забележале неговото фантастично тело, извајаните стомачни мускули и раце, а жените ја зумираат фотографијата на која раката му е поставена на „незгодно“ место.

Кристијано во 36-та година изгледа подобро од некогаш, а на издефинираното тело нема ниту еден грам сало, па затоа е јасно зошто тој е тајна опсесија на жените ширум светот. Големиот број обожавателки не се грижат што фудбалерот од 2017 година е зафатен и ја користат секоја прилика да го запознаат и да се фотографираат со него.