Јакимовски: Важно е ние младите да почнеме од некаде

Јакимовски: Важно е ние младите да почнеме од некаде

Андреј Јакимовски е еден од повратниците во најсилната кошаркарска репрезентација на Македонија, за која не можеше да настапува поради обврските кои ги имаше во Америка, каде владеа строги правила за странците поради коронавирусот.

Јакимовски ќе игра за Македонија по точно две години, а самиот не го крие задоволството што конечно ќе може да им помогне на сонародниците.

– Конечно по долг период можам да играм за сенорскиот тим. Огромно задоволство е да се игра за репрезентацијата и тоа е предизвик. Немаме притисок, на нас ни останува да го дадеме најдоброто од себе и да го дадеме максимумот од себе, а за резултатите ќе видиме. Имаме доста млад тим, но мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме сега, но важно е сите помладите да почнеме од некаде и да градиме тим. Со актуелниот светски шампион ќе видиме до каде сме, првиот натпревар е против таа силна Шпанија, но ние нема предвреме да се предадеме, – порачува крилото на нашата најдобра селекција.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds