Јапонија ја суспендираше вакцинацијата со „Модерна“ поради присуство на туѓо тело: „Се сомневаме на метални честички“

 Јапонија ја суспендираше вакцинацијата со „Модерна“ поради присуство на туѓо тело: „Се сомневаме на метални честички“

Туѓиот елемент кој е пронајден во серијата вакцини на компанијата „Модерна“, испорачани во Јапонија, најверојатно е метална честичка, пренесе денеска јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на извори од јапонското Министерство за здравство.

Извори од Министерството наведуваат дека честичката реагирала на магнети и дека поради тоа постои сомневање дека станува збор за метал, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Шпанската фармацевтска компанија „Рови“ која ги пакува вакцините „Модерна“ во шишиња за пазарите надвор од САД, соопшти дека контаминацијата би можела да биде последица на проблем со производствената линија и дека спроведува истрага.

Јапонското министерство соопшти дека употребата на серијата вакцини е суспендирана како мерка на претпазливост, што доведе до тоа неколку јапонски компании да ја откажат вакцинацијата на работниците, а европскиот регулатор за лекови да отвори истрага за случајот.

Јапонија вчера ја прекина употребата на 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирус на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули се наоѓаат „туѓи материјали“.

Извештаите за контаминација пристигнале од 8 центри за вакцинација во 5 јапонски префектури, а присуството на туѓи материи било потврдено во 39 ампули.

>
>