Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објави: Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид(културни, историски и природни убавини).

Секторот за Туризам и ЛЕР согласно програмата за 2020 година има определено средства во износ од 150.000,00 денари.

Откупот ќе се реализира преку: Откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се воопшто користени за други цели; Максимален број на откупени фотографии од еден понудувач е 10.

На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал.

Повеќе информации заинтересираните лица може да најдат на општинската интернет страна.

Извор: OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds