• 21/09/2020

Јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

 Јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
loading...
Advertisement

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Во таа насока објавен е јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2020 година, заклучно со 31.12.2020 година.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид , имаат лицата со статус на:

Корисник на социјална помош или
Корисник на постојана парична помош или
Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен
Услов за погоренаведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенција за вработување на Р.М и активно да бараат работа; заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.240,00 денари во 2019 и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;

Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест
Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања или други тешки заболувања

Повеќе информации заинтересираните граѓани можат да најдат на општинската интернет страна.

Извор:OhridNews