ЈЕЗИВИ ПОПЛАВИ НА САРДИНИЈА ОДНЕЛЕ ТРИ ЖИВОТИ: Реки носи се пред себе, а дождови допрва доаѓаат

 ЈЕЗИВИ ПОПЛАВИ НА САРДИНИЈА ОДНЕЛЕ ТРИ ЖИВОТИ: Реки носи се пред себе, а дождови допрва доаѓаат

Најмалку три лица загинале во поплави откако обилни врнежи ја зафатиле источната страна на медитеранскиот остров Сардинија, соопштиле денеска италијанските власти.

Во Бити, град во провинцијата Нуоро, улиците се претвориле во реки од тиња, кои преку автомобили, поплавиле и подруми, пренесува Ројтерс.

“Ситуацијата во Бити била посебно драматична“, рекол на новинарте регионалниот советник за животна средина Џани Лампис.

“Градоначалникот не извести дека две лица настрадале а некои се водат како исчезнати“, додал тој. Лизгалиште однел живот на 55 годишен фармер, а 90 годишен починал дома, наведува италијанската агенска АНСА, додека и хитните служби и понатаму трагаат по телото на постарата жена.

Лампис рекол дека издадено е црвено предупредување каде што се очекуваат во недела силни дождови кои ќе го зафатат островот

>
>