ЈП ,,Комунално“-Струга интензивно го уредува просторот кај градските гробишта

 ЈП ,,Комунално“-Струга интензивно го уредува просторот кај градските гробишта

Екипите на ЈП „Комунално“ Струга продолжуваат со интензивно уредување на просторот на градските гробишта,во рамките на активностите кои се извршуваат деновиве.

-Покрај хортикултурното уредување на парцелите, се врши темелно косење, метење и чистење на гробиштата и на просторот околу цвеќарата.-информираат од претпријатието.

Директорот на ЈП „Комунално“, Иќмет Ислами изјави дека во наредните денови ќе биде ангажирана механизација и ќе бидат исчистени и транспортирани поголема количина шут и смет.