ЈП Комунално-Струга со интензивни акции го чистат градот

 ЈП Комунално-Струга со интензивни акции го чистат градот

По повод ,, Задушница“ екипите на ЈП Комунално -Струга денеска извршија акција за темелно чистење на градските гробишта и паркинг просторот пред градските гробишта.

-Во рамките на акцијата е извршено косење, метење, и чистење на гробиштата и гробишната инфраструктура како и хортикултурно уредување на парцелите.-информираат од претпријатието.

ЈП Комунално -Струга интензаивно работи на терен, изминативе денови се чистеше и уредуваше просторот околу зградите на улица ,,Ристо Крле“ , околу ракометното игралиште на Женска плажа, рачно миење на улиците Моша Пијаде, Кузман Јосифоски Питу, Мирче Ацев и другите јавни површини во градот.