ЈП Комунално Струга врши генерално чистење на повеќе локации во Струга

 ЈП Комунално Струга врши генерално чистење на повеќе локации во Струга

Денес, екипите на ЈП Комунално-Струга започнаа акција за генерално чистење на кејовите на реката Црни Дрим.

Во наредните неколку дена акцијата ќе се одвива на потегот од зградата „Фати Трејд до „Мостот на Поезијата“ а во текот на следната недела ќе продолжат засилени активности на двете страни на кејот.Во моментов, во акцијата се ангажирани 20 работници а од механизација два трактори и две мали транспортни возила-пијаџа. Исто така се спроведе акција за чистење на потегот од Црвен Крст до Камп Ас.

Во Рамките на акцијата се спроведе рачно метење, косење на зелените површини,чистење на ивични траки, како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за оптадоци.

>
>