ЈП Комунално-Струга започнува со чистење на комуналниот отпад и дивите депонии

 ЈП Комунално-Струга започнува со чистење на комуналниот отпад и дивите депонии

Екипите на ЈП Комунално-Струга деновиве почнаа акција за расчистување на комуналниот отпад и чистење на ивичните траки на потегот од кружниот тек кај Женска плажа до одморалиштето 25 Мај, и по дел од ул Пролетерски бригади.

Исто така во текот екипите на ЈП Комунално –Струга ќе започнат акција за рачистување на дивите депонии која ќе трае во престојните неколку дена а ќе ја опфати целокупната територија на град Струга.

За реализација на акцијата ќе бидат ангажирани дваесет работници од секторот Парковии и зеленило , а од механизација ќе бидат употребени две специјални возила кипер и два трактора.