ЈП „Водовод и Канализација“ ќе открива непријавени приклучоци и манипулации со водомери

 ЈП „Водовод и Канализација“ ќе открива непријавени приклучоци и манипулации со водомери

ЈП „Водовод и Канализација “ Струга започнува со активности за откривање на непријавени водоводни приклучоци на водоснабдителниот систем и откривање на манипулации со водомерите и приклучоците од водомерните шахти од страна на корисниците на услугите кои имаат водоводен приклучок со водомерна шахта и водомер. Ќе се работи и на откривање на неисправни или закочени водомери кои не се пријавени од страна на корисниците согласно член 30, став 1 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.

-Се повикуваат сите корисници на услуги на водоснабдителниот систем кои имаат непријавен приклучок да поднесат барање за приклучок на водоснабдителниот систем до ЈП „Водовод и Канализација“ Струга , во спротивно сите случаи што ќе ги откријат овластените лица на ЈП „Водовод и Канализација“ Струга ќе бидат предмет на судска постапка и кон нив ќе се преземат сите правни дејства за казнување и нивно санкционирање согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и Кривичниот законик.-предупредуваат од претпријатието.

Од ЈП Водовод и канализација повикуваат сите лица кои имаат сознанија за постоење на непријавен приклучок или сознанија за манипулации со водомерите и приклучоците од водомерните шахти, истите да ги пријават до ЈП „Водовод и Канализација“ Струга, со цел подобрување на квалитетот на услугите на корисниците кои законито ги користат услугите на водоснабдителниот систем и трајно и непрекинато обезбедување на здравствено исправна и чиста вода за пиење и за секојдневна употреба.

Извор:Strugaonline