ЈП Водовод и канализација- Водата е загадена на три локации, истата да не се конзумира за пиење

 ЈП Водовод и канализација- Водата е загадена на три локации, истата да не се конзумира за пиење

ЈП Водовод и канализација излезе со соопштение во кое ги информира граѓаните дека поради дождот водата е загадена и не треба да се користи за пиење на локациите- село Мороишта, Детска градинка,,Сонце” и СОУ „Нико Нестор“.

Од претријатието апелираат да не се конзумира вода од градскиот водовод до следното соопштение.

Исто така, информираат дека бидејќи изворите немаат доволно вода, ќе има недостиг на вода или притисокот ќе биде мал од 22:00 до 05:00 часот наутро, сè додека не се подобри состојбата.