Јувентус се прости од Дибала: Секогаш ќе му бидеме благодарни

Јувентус се прости од Дибала: Секогаш ќе му бидеме благодарни

Јувентус потврди дека напаѓачот Пауло Дибала го напушта клубот. Денеска на Аргентинецот му истекува договорот со торинскиот клуб.

Пауло го напушта Јувентус како слободен играч.

– Тој дојде во Торино како млад и талентиран, а сега се збогува со Јуве, земајќи го со себе богатството на искуство што го направи шампион каков што е денес. Пауло помина седум години во црно-белиот дрес, одигра 293 натпревари, постигна 115 гола, даде 45 асистенции и освои 12 трофеи. Сега неговата кариера ќе продолжи надвор од Торино. Овие бројки, ако ги погледнете повнимателно, кажуваат многу за историјата на клубот. На пример, Пауло е деветти најдобар стрелец во историјата на Јувентус, тој е десетти најдобар стрелец во Серија А, трет стрелец на Јувентус во европските натпреварувања со 18 гола во Лигата на шампионите. А кога сме веќе кај головите, Дибала е играчот со најмногу постигнати голови на „Алијанц“ стадионот (68 гола) во сите натпреварувања. Ова е „бјанконерот“ кој постигна најмногу надвор од шеснаесетникот (25 гола) во Серија А. Седум години заедно беа исполнети не само со голови и победи, туку и со моменти на мајсторија, незаборавни вечери и настапи на највисоко ниво. И за сето ова секогаш ќе му бидеме благодарни. Среќно, Пауло! – се вели во соопштението на Јувентус.

Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од Палермо. Претходно играше во неговиот матичен клуб Институто.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds