ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ ПРИСТИГНА ВО СЛОВЕНИЈА: Инфициран лекар од Марибор, кој бил во Намибија

 ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ ПРИСТИГНА ВО СЛОВЕНИЈА: Инфициран лекар од Марибор, кој бил во Намибија

Првиот случај на инфекција со јужноафриканскиот вид на коронавирус е потврден во Словенија, потврди вчера словенечкиот министер за здравство, Јанез Поклукар.

Станува збор за лекар од Марибор, вработен во тамошниот Клинички центар, кој минатата недела престојувал во Намибија со уште неколку лица од Словенија, а во понеделникот бил на работа.

Заразени се уште две лица кои биле со него во Африка, веројатно со истата варијанта на вирусот, а уште неколку лица кои биле во контакт со нив биле испратени во карантин, рече Поклукар.

Според него, досега не се потребни посебни мерки заради тој случај, а епидемиолошката служба гарантира дека сите ризични контакти се во карантин, пренесе Хина.

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска повторно ги предупреди граѓаните дека не им советува да одат на ризични патувања во странство, а постои сомневање дека поголем број на заразени на западот на Словенија се поврзани со британскиот вид на вирусот, кој се шири таму од Италија, јавија словенечките медиуми.

x