Каде летуваа најмногу Македонците со ваучери?

 Каде летуваа најмногу Македонците со ваучери?

IslBG

Maкедонците добитници на ваучери за летување од 6.000 денари летувале убедливо најмногу во хотелот Инекс Дрим во Струга според исплатите на Министерството за финансии до 1 октомври.

Компанијата „Инекс Дрим“, инаку една од најдоходовните на охридското крајбрежје, од 31 август, откако започнаа исплатите на вау;ерите, за истите инкасирала 9.132.000 денари од државата.

На второто место, според наплатата на оваа мерка од третиот економски пакет за справување со корона-кризата е Теди Комерц. Компанијата на пратеникот и претседател на СДСМ Охрид, Лазе Таневски, која е позната по тоа што оперира со „Хотел Лаки“, наплатила 2.568.000 денари.

Хотели Метропол, во чија сопственост се „Метропол“, „Турист“ и „Белви“, наплатил 2.556.000 денари, со што ова друштво се наоѓа на третото место. Во првите четири влегува уште Струшки Галеб, во чија сопственост се „Галеб“ и „Плажа, со 2.508.000 денари. Београд Струга и Гранит се следни со досега заработени 2,1, односно рамно заработени 2 милиони денари..

Повеќе од милион денари имаат добиено уште Хотел Тино (1.656.000), Милениум Палас (1.317.000), Силекс (1.296.000), Фибула со Хотел Изгрев (1.279.000), ГС Гроуп која ги има хотелите Аквалина и Нова Ривиера (1.242.000), Блу Холидеј Охрид (1.242.000), Скардус (1.172.000), Бетон Хотели (1.079.000) и Хотел Голд Скопје (1.044.000).

Добитници на пари од ваучери се и голем број на физички лица сопственици на сместувачки капацитети. Хотелиерите и сместувачите доставуваат извештај на крајот на месецот колку ваучери се искористени кај нив, по што им се исплаќа за услугата што ја давале. Ваучерите може да се користат од 15 јули до 15 декември година.

>
>