Кај затвореник во затворот во Струга пронајдени марихуана

 Кај затвореник во затворот во Струга пронајдени марихуана

На 16.11.2020 во рамки на засилените  мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската  полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга,  била извршена контрола  и претрес над затворските  ќелии  со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу  19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел  понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.