Како да го заштитите вашето куче од летните горештини?

Како да го заштитите вашето куче од летните горештини?

Ризичната група вклучува дебели кучиња, како и стари кучиња со хронични срцеви и белодробни заболувања.
Како да препознаете топлотен удар кај куче?
При таков случај кучињата имаат покачена телесна температура (често над 40°C), брзо дишат, тешко се движат или само лежат, се дезориентирани, зголемена им е саливацијата, итн.
Што да направите?

Топлотниот удар може да се спречи со тоа што никогаш нема да го оставате кучето во автомобил за време на висока топлина, дури и под сенка и со отворен прозорец.Активноста треба да се ограничи на постудените периоди од денот, особено ако имате куче кое припаѓа на една од ризичните групи. Секогаш мора да имате доволно вода со нас.Ако го носите кучито на плажа, капењето ќе помогне при ладењето, но задолжително изберете плажа каде што ќе има и доволно сенка.Доколку дојде до топлотен удар, животното треба веднаш да се префрли во ладна соба, да му се даде вода, да му ги натопите шепите и што поскоро да побарате ветеринарна помош.На кучињата тогаш НЕ треба да им давате многу студена вода, ниту пак да се прскаат со многу ладна вода, бидејќи тоа може да има спротивен ефект.
Според истражувањата, на кучиња со рамно лице (како на пр. булдози или чивави) на лето особено треба да се внимава бидејќи имаат 17 пати поголеми шанси да доживеат топлотен удар.
Булдозите, француските булдози и мопсовите имаат кратки муцки што им го отежнуваат краткото вдишување кое помага да се одржуваат ладни, па затоа имаат поголем ризик од топлотен удар. Поради структурата на черепот често имаат брахицефаличен синдром, што значи дека лесно се прегреваат бидејќи немаат добар систем за ладење.
Затоа, кучињата кои имаат мал череп и кратка муцка не треба да се задржуваат долго време на сонце и топлина, советуваат британските научници, а највнимателни треба да бидат сопствениците на видот чау чау, кој има 17 пати поголем ризик од топлотен удар отколку на пример лабрадор.
Чау чау
„Кучињата губат здив кога се обидуваат да се разладат, што е неефикасно без соодветен нос, па со силното задишување дури и ја креваат телесната температура“, објаснува авторката на истражувањето и ветеринар, Емили Хол.
Ова истражување покажало и дека сопствениците на овие кучиња често не знаат дека нивниот миленик е во опасност, па не ги носат доволно често на ветеринарен преглед. Покрај горенаведеното, кучињата со прекумерна тежина и дебелите кучиња имаат поголеми шанси за топлотен удар, за што ветеринарите препорачуваат различни диети и адаптирани диети како начин за одржување на здравјето.
Како што покажа ова истражување, исклучително е важно да ги знаете сите карактеристики на расата што ќе одлучите да ја земете како домашно милениче, за да можете да ѝ пружите најдобра можна грижа, но и да спречите развој на некои болести и состојби на кои тие се подложни.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds