Како да немало корона: Ноќниот живот во Вухан се вратил во нормала 7 месеци откако што се укинати рестриктивните мерки

 Како да немало корона: Ноќниот живот во Вухан се вратил во нормала 7 месеци откако што се укинати рестриктивните мерки

Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа рестриктивните мерки сред пандемијата на коронавирусот.

Една од првите која ги почувствувала благодетите на ноќниот живот е Жанг Кјонг, која го прославила 29-от роденден со пријателите во голема пивница во Вухан.

„После сè што поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирсот во Вухан, а потоа и после ослободувањето на рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам друг живот“, рекла Жанг, која работи во продавница за Текстил во Вухан, градот за кој многумина веруваат дека беше првото жариште на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Додека таа и пријателите го прославувале нејзиниот роденден, надвор луѓето се радувале, се забавувале низ цел град, или, со еден збор – Вухан повторно се претворил во фестивалски град.

Во Вухан не е забележана трансмисија на коронавирусот од 10-ти мај, додава „Ројтерс“.