Како јадењето доцна навечер влијае на вашето здравје?

 Како јадењето доцна навечер влијае на вашето здравје?
Не се препорачува да јадете навечер. Покрај тоа што може полесно да се здебелите, консумирањето храна во доцните часови е лошо и за кожата, покажа неодамнешно истражување.

Научниците открија дека неправилните навики во исхраната го нарушуваат биолошкиот часовник на кожата на глувците, што довело до слабеење на кожниот ензим кој го блокира штетното ултравиолетово зрачење на сончевите зраци.

Затоа дерматолозите од Њујорк тврдат дека уживањето во полноќни ужинки или поголем оброк не само што придонесува за надуеност и зголемување на телесната тежина туку може да влијае и на стареење и оштетување на кожата, па дури и да доведе до рак на кожата.

Тие докажале дека тешките оброци пред спиење можат да го ослабнат ензимот кој ја штити кожата од УВ зрачење.

>
>