Како на филм: Маж и жена сомнителни на коронавирус избегале од штипската болница

Како на филм: Маж и жена сомнителни на коронавирус избегале од штипската болница

Попладнево маж и жена кои биле повратници од Италија, а сместени во штипската болница поради сомнежи за коронавирус избегале од болницата.

Насилно го скршиле прозорецот и излегле преку него по што се одалечиле во непознат правец пренесува ТВ21.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Вечерва откриени се во нивниот дом во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

извор: ТВ21

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds