Како Тито ги казнувал антиваксерите во Југославија?

Како Тито ги казнувал антиваксерите во Југославија?

Антиваксерите не се од синоќа. Титова Југославија се соочила со овој феномен уште во 1947 година, а Јосип Броз презел мерки против ваквата појава.

Откако беше откриена вакцината против коронавирусот COVID-19, населението се подели на оние кои сакаат да ја примат вакцината и оние кои упорно одбиваат.

И Јосип Броз Тито имал проблеми со антиваксери во поранешна Југославија, а документ од 5 август 1947 година, кој кружи на социјалните мрежи, открива и како ги казнувал.

Имено, откако една младинска ударна бригада, која учествувала во работните акции на изградбата на пругата која ги спојувала Шамац и Сараево, одбила да прими вакцина, од нејзиното име бил избришан зборот ударна, што во тоа време се сметало за голем срам.

„Третата личка бригада се казнува со одземање на името ударна затоа што 90 млади од оваа бригада не сакаа да се вакцинираат, со што се создава можност за ширење на заразни болести и загрозување на здравјето на младите“, гласи објаснувањето за казната.

Казната била јавно прочитана, пред собирот на сите ударни бригади на младинската работна акција на пругата Шамац-Сараево, што го направило срамот уште поголем.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds