Какви последици остава ковид-19?

 Какви последици остава ковид-19?

Осум испитаници имале проблеми со отежнато дишење и замор три месеци по закрепнувањето од коронавирусот. Никој од нив не морал да користи инхалатор, а обичните снимки не регистрирале компликации на белите дробови.

Една нова британска студија покажа дека ковид-19 може да предизвика белодробни абнормалности што можат да се откријат и повеќе од три месеци откако биле заразени пациентите, јави Би-Би-Си.

Во истражувањето спроведено на десет пациенти на Универзитетот во Оксфорд користена е нова техника на скенирање за да се утврди штетата што не била регистрирана со вообичаено скенирање.

Оваа техника вклучува употреба на гас наречен ксенон при магнетна резонанца за да се создаде слика за оштетување на белите дробови. Поточно, пациентите вдишуваат гас за време на прегледот.

Професорот Фергус Глисон, кој го води истражувањето, ја тестирал својата техника на скенирање на десет пациенти на возраст од 19 до 69 години.

Осум испитаници имале проблеми со отежнато дишење и замор три месеци по закрепнувањето од коронавирусот. Никој од нив не морал да користи инхалатор, а обичните снимки не регистрирале компликации на белите дробови.

Од друга страна, скенирањата на Глисон на истите осум испитаници покажале знаци на оштетување на белите дробови, односно оние делови на белите дробови од кои воздухот тешко влегува во крвта.

Резултатите го натерале професорот Глисон да планира да испита до 100 лица за да утврди дали оние кои не биле примени во болницата и не страдале од вакви сериозни симптоми имаат исти оштетувања. Целта е да се открие дали се јавува оштетување на белите дробови и, ако е така, дали е трајно или се решава со тек на време.

>
>