
Камавинга го најавува првото големо засилување за Реал: Веќе зборував со него и го очекувам тука
Едуардо Камавинга беше утешен трансфер од страна на Флорентино Перез кога за првпат пропадна операцијата наречена „Килијан Мбапе“, но како што стојат работите, првиот човек на Реал втора година по ред ќе се одлучи за ист рецепт, односно неуспешниот ангажман на ѕвездата на ПСЖ ќе го замени со друг француски фудбалер.
Во овој случај станува збор за уште еден суперталентиран играч за врска, 22-годишниот Орелиан Тшуамени кој го привлече интересот со своите брилијантни партии за Монако, но кој беше посочен и како еден од најнадежните фудбалери во средниот ред од страна на Сеск Фабрегас.
Реал Мадрид е во напредни преговори со Монако за реализација на трансферот и истиот може да се реализира уште во воведот на летниот преоден рок, па такво нешто најавува и Камавинга кој имаше прва сезона од соништата како играч на Реал.
Младиот Едуардо ги освои титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите и експресно профитираше од преселбата во Мадрид, а сега очекува да добие нова француска поддршка во Тшуамени.
– Трансферот на Тшуамени? Тое навсистина интересно за мене. Тоа е играч кој го познавам од репрезентацијата и верувам дека ќе дојде во Мадрид. Не знам во која фаза е ситуацијата, но јас веќе зборував со него. Го очекувам тука и ќе видиме што ќе се случи наредните неколку дена, – изјави Камавинга за „Лекип“.