Каменоломите во струшко Лабуништа по две години повторно проработеа, жителите најавуваат блокади и бојкот на настава

Каменоломите во струшко Лабуништа по две години повторно проработеа, жителите најавуваат блокади и бојкот на настава

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега повторно работат со силно темпо. Градежна механизација секојдневно копа, се минира, а се слушаат и силни детонации кои ги вознемируваат жителите. Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

„Но најверојатно тоа беше затворање за потребите на локалните и парламентарните избори.После завршување на сите тие избори и времето што помина, истите тие каменоломи повторно се вратија на наша територија, односно сите каменпоми почнаа со работа.Овие активности кои сега ќе ги примениме, нема да бидат милозливи и ќе бидат многу порадикални.Во заедничка соработка со месната заедница, најверојатно ќе мора примениме радикални мерки со блокирање на патишта, а самото население бара бојкот на наставата на основното и средно образование“, рече Алим Салоски-претседател на Натура лаб.

Велат дека се чувствуваат изигирани како од локалните така и од централните власти. Иако имале договорени средби со градоначалникот на Струга и со министерот за економија, средби не се одржало.

Од Министерството за економија велат дека за одземените концесии на концесионерите МИ-ТРАНС, АМ-ИС ТРАНС и ВЛАШИ, Управниот суд донел пресуди со кои се поништиле одлуките на Владата за едностран раскин на договорите за концесија.

„Министерството за економија повторно побара од Државниот инспекторат за техничка инспекција да изврши увид, согласно напатствијата дадени во пресудите на управниот суд“, велат од Министерство за економија.

Салоски од Натуралаб вели дека најдоцна до први ноември, ќе стапат на сила мерките кои ги најавуваат, како што е бојкот на наставата. На нивно барање побарале од Центарот за јавно здравје и од Факултетот за земјоделие, да извршат испитување на квалитетот на водата и почвата на земјиштето околу каменоломите. Одговорот кој го добиле бил дека се загадени. Некои каменоломи се само 200 метри од куќите.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds