
Кандидатите за градоначалник на општина Струга го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
Кандидатите за градоначалник на Струга за претстојните локални избори денес го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Со Кодексот кандидатите се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релеватни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите.

Седумте кандидати за градоначалници во општина Струга се Рамис Мерко од ДУИ, Насто Палиоски од Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО, Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и алтернатива, Димче Шипинкаровски од СДСМ, Абдула Ќазимоски од Движењето Беса, Лубе Петревски од Политичка партија Демократи и Самир Муртезоски од ДПА.