
Кандидатот за градоначалник Димче Шипинкароски на средба со трговците во Струга
Kaндидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ, Димче Шипинкароски, заедно со носителот на листата, Ирина Јолдеска денеска остварија средба со трговците, купувачите и земјоделците во градскиот пазар во Струга.
Нивната агенда потоа продолжи во струшката чаршија.
,,Низ струшката чаршија преку разговор со граѓаните се обврзавме да го развиваме градот и околината со конкретни проекти кои ќе придонесат за уште поквалитетен живот на граѓаните. Сите заедно ќе придонесеме Струга да биде туристичка дестинација со промоција на нејзините природни убавини, културни и уметнички богатства.,,-соопштуваат од СДСМ.



