
Кандидатот за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко вчера меѓу жителите на Добовјани
Вчера го завршивме денот со средба со жителите на Добовјани, каде што го отворивме и штабот на Демократската унија за интеграција.
Жителите на Добовјани се исклучително ентузијасти за иднината и тврдат дека усогласувањето со Зелената агенда е најдобрата опција за иднината.
Разговаравме за многу прашања, почнувајќи од проектите реализирани во ова населено место и проектите предвидени за следниот мандат.
Нашата работа беше и ќе биде искрена и транспарентна. – истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.