Караџовски: Имам во предвид нови мерки

 Караџовски: Имам во предвид нови мерки

Комисијата за заразни болести и јас лично сме секојдневно активни и ја следиме состојбата, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на денешната прес-конференција.

„Гледам дека некои држави имаат многу повеќе рестриктивни мерки од нас донесено.  Апсолутно ја владееме состојбата, ја следиме на дневно ниво. Обично на 14 дена Комисијата за заразни болести му дава на министерот препорака што ни се случувало минатата недела и мерките што ги предложивме во делот на полицискиот час ние сега ги естрапалираме во делот што би се случило за една недела. Ние и министерот ќе бидеме тотално информирани за она што ќе ни се случи во понеделник, односно до свикувањето на другата седница на Комисијата за заразни болести. Министерот ќе биде известен за нашите планови и мерки и она што се очекува во периодот што е зад нас и периодот што е пред нас.

Министерот ќе биде известен во понеделник наутро. Доколку нешто се случи спектакуларно во делот на зголемувањето на бројки, ќе го информираме порано.

Имам во предвид нови мерки, меѓутоа сега не е време за тие мерки“, кажа Караџовски.

>
>