Караџовски: Ова „чудо“ од корона ќе трае и до следната календарска година

Караџовски: Ова „чудо“ од корона ќе трае и до следната календарска година

Ова „чудо“, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година, изјави претседателот на Комисијата за зарзни болести Жарко Караџовски во вечерашното гостување на МРТ

– Треба да бидеме подготвени за превентива, а не за вакцина. Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент. Здравствените власти се постојано во преговори со СЗО за, секоја држава да добие одредена количина од оваа вакцина и во крајна линија тоа да биде фер, а не најголемите држави да ги купат сите дози а помалите држави, особено тие што немаат финансии да останат без дози.Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина – изјави Караџовски.

loading…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds