• 15/08/2020
 Караорман се засили од Лабуништа и Охрид, амбициите се високи во Третата МФЛ

Караорман се засили од Лабуништа и Охрид, амбициите се високи во Третата МФЛ

loading...
Advertisement

Фудбалскиот клуб Караорман од Струга со неколку новајлии во составот и високи амбиции ги започна подготовките за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион.Стружани сопствените радови ги засилија со поранешни играчи на Охрид и Лабуништа.

Од тимот на Охрид во Караорман се пресели Дарко Симјаноски додека од Лабуништа трансфер направи Климе Далчески. „Црвено белите“ ги доведоа уште Ненад Попоски (Влазними) и Амет Белуљи (Фљамуртари).

Управата активно преговара со уште неколку фудбалери кои ќе бидат големи засилувања за тренерот Здравко Цветаноски во летниот преоден рок.

Правиме екипа со кој ќе го нападнеме првото место во Третата МФЛ. Стартувавме со подготовки и ќе работиме во неколку фази. Обезбедивме контролни натпревари со екипи од Втората МФЛ бидејќи сакаме да се споредиме квалитативно.

Не очекува работно лето и се надевам дека ќе се радуваме на крајот од сезоната следната година. – изјавија од клубот.Караорман последен пат во второлигашката конкуренција играше сезоната 2007/2008 кога заедно со уште три екипа не успеаја да обезбедат опстанок.

Можеби ке те интересира