
Караорман видно засилен ги започна подготовките
Фудбалска Струга доживува плодни години и по промоцијата на Струга Трим Љум, сега се најавува светла иднина и на постариот клуб од градот покрај езерото, Караорман. Со неколку новајлии во составот и високи амбиции третолигашот ги започна подготовките за новата сезона.
Членот на Третата лига – Југо-западен регион сопствените радови ги засили со поранешни играчи на Охрид и Лабуништа. Од тимот на Охрид во Караорман пристигна Дарко Симјаноски додека од Лабуништа дојде Климе Далчески. „Црвено белите“ уште потпишаа со Ненад Попоски (Влазними) и Амет Белуљи (Фљамуртари).
Тренерот Здравко Цветаноски очекува уште неколку нови имиња.
„Правиме екипа со кој ќе го нападнеме првото место во Третата лига. Стартувавме со подготовки и ќе работиме во неколку фази. Обезбедивме контролни натпревари со екипи од Втората МФЛ бидејќи сакаме да се споредиме квалитативно. Не очекува работно лето и се надевам дека ќе се радуваме на крајот од сезоната следната година“, велат од клубот.
Караорман последен пат во второлигашката конкуренција играше во сезоната 2007/2008.