• 15/08/2020
 Каратистите од Лабуништа со учество на Меѓународниот карате турнир ,,13 НОЕМВРИ ” – Скопје

Каратистите од Лабуништа со учество на Меѓународниот карате турнир ,,13 НОЕМВРИ ” – Скопје

loading...
Advertisement

Во Неделата на 10.11.2019год во спортската сала на факултетот за физичка култура Скопје се одржа меѓународен карате турнир во организација на карате клубот ,,Цветан Димов ”  Скопје . 

На тој турнир каратистите од Лабуништа учествуваа во категориите : 

– кати индивидуално машки и женски,

– кумите  поединечно категорија за борби

Турнирот беше организиран во добри услови,  на нас ни беше чест што учествовавме на тој турнир, кој што се организира секоја година и важи за еден од подобрите турнири, каде што сето тоа го покажува самата традиција, со 450 учесници од 3 држави.

Каратистите од Лабуништа беа предводени од тренерот Ерол Зенделоски, кој што ги обучува и ги спрема идните каратисти за следни натпреварувања.

Составот на Лабуништани беше:

– Анел Зенделоски категорија кати 2 ниво и  категорија борби -45кг

– Амил Зенделоски категорија кати 2 ниво и категорија борби -30кг

– Ивзијан Шерифоски  категорија борби -42кг

– Анес Максутоски категорија кати 2 ниво и категорија борби  -37кг

– Раимка Јускоска категорија кати 2 ниво и категорија борби  -44кг

Со медали кој што успеаа да се закитат беа: 

Раимка Јускоска категорија борби  се закити со златен медал 1 место

Амил Зенделоски  категорија кати освои 3-место,

Ивзијан Шерифоски  категорија борби освои 3-место.

Анел Зенделоски  категорија борби -45кг освои 3-место.

За каратистите од Лабуништа ова беше подготвителен турнир и да се види во која насока треба да се насочи понатака самиот тренинг, каде што во Сабота на 16.11.2019год  се прават припреми за учество на меѓународниот карате турнир Љубљана Опен 2019.

Голем благодарнот до фирмите и некои физички лица кој што се организираат и сакаат ова големо натпреварување да биде помогнато од нивна страна.


Можеби ке те интересира