Кардиолозите советуваат: 8 навики кои значително можат да го намалат ризикот од срцеви болести – применете ги веднаш

 Кардиолозите советуваат: 8 навики кои значително можат да го намалат ризикот од срцеви болести – применете ги веднаш

Бројот на дијагностицирани кардиоваскуларни болести за една година се зголемил во светот, а инфарктот го зазема третото место меѓу причините за смрт.

За да го одржите здравјето на срцето и крвните садови, не е потребно да консумирате синтетички лекови и витамини.

Врз основа на повеќегодишни клинички истражувања, кардиолозите дошле до заклучок дека овие осум навики поволно влијаат на работата на срцето и во голема мера може да го намалат ризикот од таквите заболувања.

Бидете активни

Како и секој мускул и срцето си бара редовно вежбање. Кога се занимавате со спорт, ѕидовите на перикардот се зајакнати, коморите работат складно давајќи стабилен ритам.

Ослободете се од вишокот килограми

Гојазноста го зголемува ризикот од срцеви заболувања до 10 пати. Најголемата опасност се маснотиите на стомакот кои што се собираат околу внатрешните органи.

Откажете се од лошите навики

Алкохолот и пушењето цигари ги зголемуваат шансите за срцев удар за 40-45 отсто. Цигарите содржат опасни супстанци и токсини кои што ја успоруваат работата на клетките на срцевиот мускул и го намалуваат нивото на кислород во крвта.

Контролирајте го „лошиот“ холестерол

Еднаш годишно одете на преглед кај доктор. Ова е најдобриот начин навреме да се дијагностицира било кој проблем кој ви се јавува.

Избегнувајте стрес

Тешките услови за работа, стресните ситуации на работа и во семејството можат двојно да ја зголемат шансата за срцев удар, па дури три пати да го зголемат ризикот од опасните срцеви болести.

Не откажувајте се од здравите масти

Докторите препорачуваат во исхраната да го вметнете немасното пилешко, говедско и мисиркино месо поради тоа што тие го снабдуваат срцевиот мускул со вредни протеини и аминокиселини.

Обезбедете му на телото омега-3 масни киселини

Морската риба е главниот извор на омега-3 масни киселини. Тие ја оддржуваат еластичноста на срцевиот мускул, ги штитат слободните радикали и спречуваат оксидација, па важно е редовно да се најдат на вашето мени.

Јадете разновидна храна

Ригорозните диети го исцрпуваат телото и прават дефицит на магнезиум, калиум и натриум кои што му се потребни на срцето за правилно функционирање.

>
>