Казни за 25 возачи од Струга кои возеле со брзина поголема од дозволената

 Казни за 25 возачи од Струга кои возеле со брзина поголема од дозволената

На 11-ти јули 2021 година, во перидот од 10:00 до 15:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Притоа, полициските службеници санкционираа 59 возачи на моторни возила (Охрид 11, Струга 25, Кичево 8 и Дебар 15).

– Засилените акциски контроли продолжуваат во текот на туристичката сезона со цел зголемена безбедност во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид

x