Ќе има ли музика на свадбите?

 Ќе има ли музика на свадбите?

Свадба без музика и оро не е свадба, велат музичарите.

По најавите дека од следниот месец можно е да почнат со работа рестораните за прослави и за организирање свадби, од музичката фела за Сител велат дека итно бараат протоколи и за музика. Но ги интересира и кога точно ќе почнат нивните ангажмани.

Велат дека повеќе од една година се оставени на цедило и не знаат што да планираат.

-Има свадби закажни. Сѐ уште е статус кво. Не знаат ни младите, не знаеме ни ние. Конкретен став дали ќе има свадба, дали ќе има музика? Музиката треба да биде одвоена на толку метри од бина, да не се симнува меѓу останатите гости. Ние сето тоа ќе го запазиме. Мораме од некаде да стартуваме, вели музичарот Петар Тодоровски за Сител.

>
>