Ќе нема полициски час за време на Велигден и Бајрам

 Ќе нема полициски час за време на Велигден и Бајрам

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска истакна дека новиот полициски час од 21 часот ќе важи од среда, но дека за време на двата празника Велигден и Бајрам, граѓаните ќе може слободно да се движат, а потоа следниот ден повторно се враќа на сила ограничувањето на движењето.

„Нобите мерки ќе важат до завршување на сите празници, а после тоа ќе дискутираме нови мерки. Секојдневно ја следиме ситуацијата, се надевам дека ќе нема изненаднување, барем нема некоја најава. Во таа смисла будно ја следиме ситуацијата. Мерките се препорачани во основа на се ова што се случува. Сакам да потенцирам дека еден од клучните фактори е одговорноста на граѓаните.

За време на двата празника Велигден на 1 кон 2 мај, и за Бајрам на 12 кон 13 мај, граѓаните ќе може да се движат. Тие деноноќја ќе нема полициски час, граѓаните ќе може слободно да се движат“, кажа Филипче.

x