“Ќе претстават ново оружје”: Северна Кореја утре планира голема воена парада

“Ќе претстават ново оружје”: Северна Кореја утре планира голема воена парада

Во Северна Кореја најверојатно овој викенд ќе биде одржана воена парада со која ќе се одбележат 75 години од основањето на владејачката Работничка партија, соопштиле денеска јужнокорејски воени службеници.

“Подготовките за парадата се во завршен стадиум”, навел воен извор, пренесува “Jonhap”. 

Јужнокорејските службеници на почетокот на оваа недела изјавила дека очекуваат дека на парадата ќе биде претставено ново стратешко оружје.

“Постои можност Северна Кореја да претстави ново стратешко оружје, како интерконтинентални балистички ракети или балистички ракети ракети за подморници”, изјавил јужнокорејскиот министер за унификација Ли Ин Јунг и додал дека тоа би можело да биде демонстрација со послаб интензитет, пренесува “Reuters”.

Државните медиуми пренеле дека на плоштадот во Пјонгјанг се собрале луѓе со заштитни маски на лицето пред големата воена парада.

Се додава дека севернокорејскиот лидер на парада не претставил ново оружје од средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во 2018-та година.

Агенцијата “Jonhap” пренесува дека високи јужнокорејски службеници утрово го посетиле мавзолејот во кој се погребани лидерите на таа земја, но дека меѓу нив не бил и Ким, како и дека во негово име на гробовите на неговиот татко и дедо биле оставени корпи со цвеќе.

Се додава дека е невообичаено Ким да не се појави во мавзолејот на годишнината од основањето на партијата, како и дека тоа не го направил ни минатата година.


Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds