Ќе се асфалтира дел од улицата „Партизанска“, да се отстранат паркираните возила

Ќе се асфалтира дел од улицата „Партизанска“, да се отстранат паркираните возила

Од локалната самоуправа ги информираат жителите на улицата „Партизанска“ кои ги паркираат своите моторни возила на паркингот позади хотел „Дипломат“, населба „Охридати, и на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“, стар Депанданс, дека од денес, 13-ти март, општина Охрид ќе започне со активности за асфалтирање на овие локации.

За таа цел се упатува апел до жителите да ги отстранат своите возила од овие паркинзи се до завршување на работните активности.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds