Ќе се гради колекторски систем од Радожда до Калишта

 Ќе се гради колекторски систем од Радожда до Калишта

Во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата на 44-та седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Министерството за финансии (МФ) да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година, соопшти владината прес служба.

На истата седница Владата ја разгледа и го утврди текстот на Информацијата во врска со склучување на меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Србија, Советот на министри на Република Албанија и Владата на Република С Македонија за соработка за подобрување на увозот и транзитот на стоки и на Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и го овласти премиерот да ги потпише меморандумот и договорот.

>
>