Ќе се отвора трета лента на магистралниот пат Струга – Дебар

 Ќе се отвора трета лента на магистралниот пат Струга – Дебар

Започнаа активностите за отворање на третата лента, на магистралниот пат Струга – Дебар, во делот од кружниот тек на влезот на градот до автошколата, а градоначалникот Мерко изминатиов викенд беше на терен да изврши увид во работните активности.

,,Оваа лента ќе го олесни движењето на возилата, особено за бизнисите што се наоѓаат во околината и кои од ден на ден се повеќе се развиваат.“ – информираат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека во идинина оваа лента се планира да продолжи до кружниот тек на мостот Мороишта.

>
>